Во гостување на ТВ Шења, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска зборуваше за проектот за поврзување на општините Гази Баба и Аеродром.

” Се сеќавате на мостот АСНОМ за којшто велеа дека е стопиран, а таму имаше оставено куп нерешени проблеми. Излегоа на снег, кога врнеше снег да прикажат дека не се работи. Не можете да урнете нечија куќа, нечиј дом без да разговарате со тие луѓе. Ние ги најдовме и разговаравме со луѓето, за 4 месеци се решени повеќе проблеми отколку во изминатите три години, без наметнување, само со разговор со луѓето.

Некои луѓе побараа репроцена и тоа ќе се случи, за доброто на сите е таму да имаме еден булевар кој ќе го растерети сообраќајот но не на штета на никого. Проектот се движи според динамиката која била предвидена. Се што е во интерес на граѓаните ќе се продолжни, дали е на претходникот или на неговиот претходник тоа е ирелевантно.

Во овој момент правиме исправки на се што е направено погрешно но јас не верувам дека доколку е возможно да се најде решение, дека треба да се стопира. За АСНОМ имало 270 предмети што треба да се разрешат. Јас сум во подобра ситуација од Шилегов, тој во целиот мандат успеал да реализира 5% од неговата програма, јас веќе реализирав 5% од мојата програма. – вели Арсовска.