По повод Светкиот ден на свесноста за аутизмот, Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска ја посети ликовната работилница во дневниот центар на Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“.

Како што информираат од Град Скопје градоначалничката ќе предложела финансирање на проектирање и изградба на првиот центар за целодневна грижа, едукација и поддршка за деца со аутистичен спектар и атипичен развој и нивните семејства.

– Градот Скопје обезбедува поддршка за сензорната терапија и третманот на деца со аутизам кои активно ги спроведува здружението „Во мојот свет“. Преку реализацијата на овие активности се овозможува квалитетен третман за сензорна интеграција на дечињата со аутизам, а со тоа и подобрување на квалитетот на живот и создавање услови за нивна самостојност, е наведено во соопштението.