Побрзо третирање на отпадот и заштеда од досегашната пракса на изнајмување на градежни машини од надворешни компании е придобивката од набавката на четири нови машини во Јавното претпријатие Дрисла. Обезбедени се два булдожери и два натоварувачи со што значително ќе се подобри третирањето на отпад во депонијата, порача градоначалничката на Град Скопје од депонијата Дрисла.

-Претпријатието Дрисла дејност обавуваше со стара опрема што бараше постојано сервисирање, а во исто време за соодветно да се спроведува третирањето на отпад се изнајмувале машини од надворешни компании со што огромни биле трошоците во претпријатието за оваа намена. Сега значително се заштедуваат средства што се одвојувале за постојано сервисирање и изнајмување, а и значително ќе се подобри и забрза третирањето на отпад. Претпријатието изминатите години изнајмуваше градежни машини од надворешни фирми, за што се издвојуваа големи износи на финансиски средства, на овој начин оваа пракса се намалува со крајна цел во целост да престане и машините кои се користат да бидат во сопственост на Дрисла. Инвестицијата во механизација на Дрисла е продолжување на модернизацијата на ова претпријатие каде пред две недели беше пуштен во употреба и стерилизаторот за медицински отпад, вели Арсовска.