Петте советници на ДУИ во Град Скопје ќе бидат дел од градската власт, поточно ќе ги поддржат политиките на градоначалничката Данела Арсовска. Извори за весникот КОХА посочуваат дека е постигнат договор меѓу таканаречената „Огнена група“ и Арсовска, а назначени се и двајца директори – еден од ДУИ од Сарај и еден од Чаир.

Но, самите советници од ДУИ негираат дека знаат за некаков договор меѓу „Огнената група“, притоа велејќи дека без конкретни сугестии од лидерот на партијата ќе продолжат да бидат опозиција во Советот на Град Скопје.