250 нови еколошки автобуси и бесплатен јавен превоз како решение на повеќе проблеми на Скопје, како и средување на сообраќајниот хаос, намалување на загадувањето и подостапен јавен превоз за граѓаните, се клучни проекти од програмата на независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска. Таа денеска ги презентираше на прес конференција. Рече дека Скопје има егзистенцијални проблеми кои мора да се решаваат
„Јавниот превоз не е само проблем сам за себе. Тоа што тој е нефункционален, нередовен и скап, создава сериозна потреба граѓаните да ги користат исклучиво своите возила. Тоа создава дополнителен проблем, односно преоптеретување на градските улици. На Скопје му требаат брзи и сигурни решенија. А решение е набавка на нови 250 еколошки автобуси, дел на електрични напојување, дел на природен енергенс. Ова ќе чини далеку поевтино од секакви големи проекти а ќе значи решавање на децениски проблем во Скопје, рече Арсовска.