Градежните работи за реконструкцијата Универзална сала се стопирани, но целосната реконструкција не. Градоначалничката Данела Арсовска соопшти дека се воочени грешки во техничката документација, поради што овој проект не бил безбеден. Демантираа од СДСМ, од министерството за култура, а Арсовска денеска со отворена покана до министерката.
-Градот Скопје јавно упатува покана до министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска за присуство на отворена работна средба на која ќе и се презентираат факти за грешките во проектот и техничката документација за текот на работите за реконструкција на Универзалната сала. Министерката како застапник на овој спорен проект за реконструкција на Универзална сала веројатно не е информирана и воопшто нема познавања за состојбите. Доколку по средбата се уште смета дека стариот проект може да продолжи, да потпише изјава со која лично ќе гарантира за исправноста на постоечкиот проект за реконструкција на Универзалната сала и за безбедноста на Скопјани, напиша Арсовска на социјалните мрежи.