Во СЦ „Јане Сандански“ денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и градоначалниците на општините Бутел и Аеродром Дарко Костовски и Тимчо Муцунски го отворија меѓународниот турнир во Таеквондо Скопје ОПЕН 2022.
-Имам чест да истакнам дека Град Скопје е поддршка на меѓународниот турнир на кој над 550 учесници, од седум различни држави и повеќе од 30-тина клубови, се натпреваруваат во Скопје по осми пат, истакна градоначалничката Арсовска.
Таа во обраќањето до натпреварувачите истакна дека градот истакнува силна поддршка за развојот на спортот и спортскиот дух особено за младите, подржува проекти и активности за создавање на здрави и спортски навики.
-Само преку развој на спортот и поддршка на спортските активности се развиваат успешни млади таленти, кои носат потенцијал за олимписки успеси, како нашиот Дејан Георгиевски, олимпискиот вицешампион во таеквондо, гордост и иднината на спортот за Скопје и Македонија, посочи градоначалничката Арсовска на денешното отворање на меѓународниот турнир.