Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска учествуваше во акцијата за садење дрвја во Рајскиот парк во општината Аеродром, организирана од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД). Акцијата е дел од агендата на  Програмата за финансирање на зелената економија на Западен Балкан (WB GEFF), која ги поддржува домаќинствата за инвестиции во подобрувања на енергетската ефикасност.

-Градот Скопје ќе се фокусира на поддршка на активности насочени кон заштита на животната средина кои имаат директно влијание врз создавањето подобра иднина. Со колективен напор, можеме да влијаеме и да се движиме кон зелената транзиција и да ја реализираме визијата за зголемување на еколошката свест додека едновремено овозможуваме креирање сеопфатен систем за заштита на животната средина. И денешниот настан е чекор кон подобрување на условите во соработка со партнерски организации со кои заедно ќе придонесеме Скопје да биде одржлив и еколошки чист град, вели Арсовска.

На настанот присуствуваа и Анди Аранитаси, претставник на ЕБОР во Северна Македонија, евроамбасадорот Дејвир Гир, амбасадорот на Австрија Георг Воутсас, градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски и претставниците на локалните банки партнери на оваа програма.