Независната кандидатка за градоначалник на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска ја изрази својата благодарност кон сите што ја поддржале во првиот круг на локалните избори.
„Навистина сум благодарна на скопјани, кои што издејствуваа во овој прв круг како победник, можам да кажам со 8 илјади гласови да водам и со тоа водство да влезам во вториот круг, верувам како еден од главните фаворити, од двајцата практично, да го води градот Скопје“- изјави Арсовска во емисијата „Дебати“ на ТВ Шења со водител Насер Селмани.
Арсовска како единствена забелешка во однос на претходниот изборен циклус ја забележува во според неа црната кампања што ја води нејзиниот против кандидат Петре Шилегов.
„Единствената забелешка што ја имам е, тоа што мојот против кандидат, континуирано води кампања на напади, стимулира црна кампања, тој и неговите подржувачи, а истовремено неџентелменски одби да се извини за сето она што го прави, а тоа во својство на актуелен градоначалник на градот Скопје“, вели Арсовска.