Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска по одржување на денешните седници на Советот на Град Скопје истакна дека следат нови проекти за скопјани кои се интерес на сите граѓани, а ќе значат рамномерен развој во сите населби.

„Предлозите кои ги доставив до Советот на Град Скопје на денешната седница беа изгласани, со што следат нови проекти во интерес на скопјани:

-Инвестираме во изградба на нови улици во населеното место Усје во општина Кисела Вода;

-Се воведува нова автобуска линија 2Б од Ченто до Сарај;

-За првпат Градот Скопје субвенционира електрични тротинети и велосипеди за млади лица до 29 години;

– Отпочнуваме со реализација на проектот за систем за водоснабдување за Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ и Ласкарци;

-Реконструираме 6 спортски терени во паркот во Сарај;

-Ќе ја реконструираме улицата Христофер Жефаровиќ во општината Гази Баба;

-Следи изградба на нова инфраструктура во општина Шуто Оризари на крак 18 на улицата Македонско косовска бригада“ – напиша градоначалничката Арсовска.

Таа истакна исто така дека главната цел на новите градски проекти е во Скопје повеќе да нема заборавени населби, туку градот да се развива рамномерно, со реализација на проекти во урбаниот и руралниот дел.