Во очајна состојба е едно од најрепрезентативните кина во Скопје, киното „Милениум“ во Градскиот трговски центар.

Покрај дотраениот ентериер, главен проблем за нормално фунлционирање на киното е недостигот на нов, современ проектор.

Како што објавува порталот СДК.МК седум месеци киното функционира без дигиталниот ДЦП проектор купен во 2012, а Градот Скопје не одговара зошто не се купува нов.

Од друга страна, посточекиот проектор веќе не може ни да се поправа, затоа што нема делови за него, а веќе и веќе не се произведуваат такви модели.

И додека Милениум нема основни услови за работа, во центарот на Градот во катастрофална состојба е уште еден култен скопски објект – Универзалната сала.

Речиси две години Арсовска со прст не мрдна за да ја продолжи реконструкцијата на Универзална, проект започнат од нејзиниот претходник Петре Шилегов.

Во меѓувреме, Арсовска се караше со Министерството за култура, велеше дека проектот не бил безбеден, а неодамна Советот во Град Скопје донесе одлука реконструкцијата на објектот да ја преземе Министерството за култура, но Арсовска се уште се нема произнесено по оваа одлука.

И додека Арсовска се бави со се што не и е надлежност, граѓаните се се повеќе револтирани, како од состојбата со објектите од областа на културата, така и со секој сегмент што е во надлежност на Арсовска и Градот.