Денеска го потпишавме Меморандумот за соработка со УСАИД за ново партнерство со цел подобро општинско буџетирање и зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите на општините. Со меморандумот ќе се овозможи зајакнување на одржливоста на општинските финансии и унапредување на процесот на фискална децентрализација на Градот Скопје, соопшти градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

-Со заеднички напори ќе овозможиме подобрување на функционалноста на локалната даночна администрација и зголемување на наплатата на приходите од сопствени извори. Ова е од особена важност за одржлив и инклузивен општествен и локален економски развој, чекор кон зголемување на општествената одговорност на сите општествените чинители, со цел да им се овозможи на општините поголема самостојност во делувањето за обезбедување поквалитетни услуги за граѓаните., вели Арсовска.