Јавноста дозна дека е потпишан е договорот за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје за поектот вреден 200 милиони евра, од кои 136 милиони евра се кредит од Европската инвестициска банка, а 70 милиони евра се неповратен грант од Европската унија, но се уште не е познато името на фирмата изведувач, пишува „Фактор“.

Единствено е познато дека договорот со фирмата изведувач и фирмата која ќе го врши надзорот е потпишан пред неколку дена, а градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, досега не објави, ниту пак закажа прес-конференција за да ги соопшти деталите од договорот за овој капитален проект за градот.

На тендерот понуди имаше доставено две фирми, германска и турска. Единствено беше познато дека првата беше подобро бодувана. Постапката за пречистителна станица за отпадни води започна во декември 2019, а тендерот беше распишан во јуни 2020.