Алијанса за Албанците и Алтернатива како коалиција на локалните избори ја поддржаа Данела Арсовска за градоначалничка на Град Скопје, но иако имаше најави, тие досега не добија ниту едно раководно место во градот.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска на брифинг со новинарите истакна дека тие немале договор со Алијанса за Албанците и Алтернатива околу тоа кој и колку претпријатија ќе земат, пренесува ТВ21.
„Немавме договор со АА-ААА за тоа колку претпријатија ќе земат и земеме. Со претпријатијата на кои уште не сме ги смениле директорите ќе раководат квалитетни луѓе, а не партии. Уште немаме имиња“, додаде Арсовска.