Во гостување за Студио 10, Арсовска истакна дека настапила како независен кандидат, а која пред се ја подржале скопјани.

– Ќе бидам градоначалник на сите граѓани и на тие кои не ме гласале. Верувам и работам на тоа. Доколку мислеше некој да ке бидам слеп послушник, не може да се очекува од мене. Не сметам дека некој кога доаѓа на власт дека треба да ја злоупотреби. Нема да потклекнам на притисоци. Работам праведно и ке пордоклжам, вели Арсовска за Студио 10.

Во насока на актуелните случувања и препирањата со Христијан Мицкоски, вели дека изминативе месеци не е во контакт со него и дека ако некој повикува на оставка треба прво да почне од себе.

– Повеке меесеци немам комуникација со Мицкоси. Со советници соработуваме во интрес на програмата и граѓаните. Имаме многу недостатоци во градот. Јас немам порабарано средба со Мицкоски и не знам зошто би барала средба со партиски лидери, јас работам институционално.