Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска е физички нападната при извршување на работни задачи во Чаир.

Кон неа биле упатени и вербални закани од повеќе лица.

„На 11.07.2025 во 12:15ч од страна на А.Ј. во СВР Скопје пријавено е дека при извршување работни задачи на ул.”Кумбара” физички била нападната градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска и дека повеќе лица и упатувале вербални закани“, потврдија за „Макфкас“ од МВР.

Истата, според соопштеното не сакала да поднесе пријава за настанот по што се упатила во ГОБ 8 Септември за укажување лекарска помош.