Од понеделник ви најавувам фељтон, во кој ќе ги објавуваме едно по едно сите од наша страна констатирани и спречени незаконски постапувања и криминал, со аргументи и докази, за кои се’ уште никој не постапува од надлежните институции, објави градоначалничката Данела Арсовска на „Фејсбук“.

Тврди дека во градот Скопје во три (3) години спречиле над 150 незаконски обиди за легализации на дивоградби.

„Спречивме градење на асфалтни бази во населени места, поднесовме кривични пријави за УСЈЕ и други големи загадувачи за кои сите останати молчат, а ние трпиме секојдневни закани. Отстранивме тендераши, фирми кои работеле во интерес на партии и расчистивме со корупцијата“, рече Арсовска.

Како што додаде, за да нема простор за филозофирање и празна реторика, ќе покажат дека Градот постапувал веднаш, а некој друг си тера како и досега.

Арсовска вчера објави дека во Чаир продолжуваат нелегалните и криминални активности на, како што рече, принцезата на дивограбите и неговиот ментор, повторно во обид да ги прикријат трагите од тој криминал спроведен со спротивно на закон и диво градени објекти на државно земјиште. Рече дека на лице место затекнале работници кои биле непосредно ангажирани од сторителите на кривичното дело бесправна градба и узурпација на државно земјиште, им платиле во кеш и ги упатиле на лице место да ја скријат дупката со која го оштетиле булеварот и подземните инсталации на водовод, канализација и високонапонските кабли за струја. Арсовска сподели и видео.

Текстот Арсовска најави фељтон: Спречивме над 150 незаконски обиди да се легализират дивоградби, ќе објавуваме едно по едно е превземен од МАКФАКС.