Како што во текот на вчерашниот ден објави ТВ21, денеска пристигна и потврда од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за тоа дека токму актуелната претседателка на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска ќе биде кандидатот за градоначалник на Град Скопје.
Сепак конечната одлука треба да ја донесат највисоките партиски тела, односно Извршниот и Централниот Комитет кои своите седници треба да ги одржат во текот на викендот.
Инаку, од ВМРО-ДПМНЕ се потврдуваат и кандидатурите за овие пет општини:
- Орце Георгиевски – Кисела Вода
- Дарко Костовски – Бутел
- Александар Стојковски – Ѓорче Петров.
- Бобан Стефковски – Гази Баба