Бесплатниот јавен превоз е проект што треба да се реализира етапно во фази. Треба во првите две години да биде целосно реализиран. Ова го изјави градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска во гостувањето на емисијата „Дебати“ на ТВ Шења.

„ЈСП е затекнато во девастирана состојба. Покрај тоа што е девастирано, можеби е најсаботираното предпријатие. Граѓаните се жалат дека не им пристигнуваат автобусите, попладне, навечер. Не пристигаат затоа што некој ги носи на технички преглед секојдневно“, изјави Арсовска.

Таа додаде дека во првите два месеци од оваа година има околу 25 пати повеќе казни во однос на минатите 4 години.

„Тоа е тенденција и нешто што се случува и е јасна опструкција, која накрајот е на штета на граѓаните. Намерата на власта е да се опструира проектот за консолидација на ЈСП, мислејќи дека ќе му наштетат на градот, а во суштина директно им штети на граѓаните“, изјави Арсовска.