ЈСП Скопје е тежок загубар со над 12 милиони евра. Ревизијата ќе покаже што се состојбите што внатре се случуваат. Имаме голем број проблеми од аспект на целиот процес. Анализите за бесплатен превоз се прават. Се отстрануваат сите оние ставки во Буџетот, кои вадат средства, вели градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, зборувајќи повеќе од нејзината најава за бесплатен градски превоз.
Според неа, бесплатниот превоз ќе биде воведуван во етапи.
-Дури и денеска да одлучиме Градот за наредна година да дотира цела сума за да има бесплатен превоз, нема да има ефикасност, бидејќи ќе се зголеми нагло бројот на граѓани ќе сакаат да го користат, нема капацитет и нема да биде ниту поквалитетен, ниту подобар, појасни Арсовска и додаде дека за пензионерите секако е неопходно да имаат бесплатен превоз секој ден.
-Шест месеци се потребни од анализата за првата фаза да биде завршена, потенцира Арсовска и информира дека 7,8 од новите 33 МАН автобуси се вон употреба.
БРТ системот или популарно наречен „автобуското метро“ беше еден од клучните проекти кои ги најавуваше и почна да ги спроведува претходната градска администрација на чело со Петре Шилегов
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 ТВ најави можно распишување на референдум за тоа дали скопјани поддржуваат воведување на „Бас рапит транзит“ (БРТ) системот во јавниот превоз на главниот град или не.
Референдумот е една од опциите за граѓаните да излезат и да одлучат. Не само за ова, ќе почнеме да го практикуваме и за други работи – изјави Арсовка на Канал 5 ТВ.