Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во гостување на телевизијата Шења денеска истакна дека Градот Скопје спроведува резизија на работењето на претходната власт. Арсовска исто така кажа дека откако обелодени дека нивните криминали ќе бидар разобличени, започнале нападите врз неа.

” Сериозни ревизии се во тек имаме дел за кој имаме повеќе информации и јавноста беше информирана за тоа. Има основано сомневање дека се работи за злоупотреба на службената постапка, но ние не постапуваме до нив, ние ги доставуваме до надлежните институции. Нашата посветеност е сето тоа што е погрешно работено ќе биде откриено, затоа и започна оваа хајка против мене.

Поразот во Скопје беше голем и кој губи има право да се лути. Веројатно не го очекувале штом се толку многу разочарани и нападите им се толку силни. Знам дека тие знаат дека јас сум човек кој ќе ги разобличи сите нивни криминали, тие го напаѓаат моето семејство, а порано 5 години немале да кажат негативен збор за мене. Во моментот кога кажав дека одговорност ќе има го ангажираа целиот арсенал за напади врз мене.

Кај човек кој има интегритет тоа нема да помине. Закани во секоја смисла има секојдневно за сите околу мене. И каде да пријавам? Во истите институции кои ги раководат лица од партијата што ме напаѓа?

И ништо не е сменето, имаме нов премиер и нов лидер на партијата што се бореше за правда и мир, празни флоскули, бидејќи и денес живееме во режим ист како што се обидуваа да променат.” – објасни градоначалничката.