Градот Скопје со 7 милиони денари хуманитарна помош за Украина. Донесов одлука до советот да предложам градот да помогне со хуманитарна помош за граѓаните на Украина во износ од 7 милиони денари, напиша градоначалничката Данела Асровска на социјалните мрежи.
-Оваа одлука за хуманитарна помош е израз на солидарност за граѓаните на Украина зафатени со воениот конфликт. Живееме во турбулентни времиња соочени со големи предизвици. Никој не сака конфликти и страдања, да се обидеме да помогнеме колку што можеме.
Скопје е град на солидарноста и ние скопјани најдобро знаеме колку значи да пристигне хуманитарна помош кога е најпотребна, особено за лицата кои кои останаа без своите домови, вели Арсовска.