987.000 или речиси еден милион денари ќе потроши градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска за спроведување анкета на јавното мислење.

Според информациите објавени на сајтот на Бирото за јавни набавки, Град Скопје пред два дена, на 10 октомври, склучил договор со Институтот за политички истражувања Скопје вреден 987.000 денари за спроведување на седум квантитативни истражувања на јавното мислење.

Што ќе бидат темите на истражувањата и дали со нив ќе се мери рејтингот на Арсовска, во Договорот не е наведено.

Инаку, градоначалничката на Скопје заедно со директорите на јавните градски претпријатија постојано се жалат на неповолната економска состојба и бараат финансиска поддршка од Владата.

 

Извор: 24 Инфо