Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вечерва во интервју за Инфомакс посочи дека долго време го барале споменикот на Андон Јанев-Ќосето, кој во текот на 2018 година беше отстранет од пред Врховниот суд.
„Споменикот на Ќосето долго време го баравме и успеавме да го детектираме. Ќе ги прашаме граѓаните, што се однесува до мене како градоначалник затоа што многу често беше поставувано ова прашање, не само во кампањата туку многу често и самите граѓани знаат да напишат, и да прашаат и ме интересираше каде е“, вели Арсовска.
Таа додава дека два месеци се обидувале каде е ставен, дури и кружеле гласини дека можеби е стопен.
„Да не се грижат, пронајден е споменикот. Во добра состојба е, а за негово поставување ќе ги прашаме граѓаните“, додаде Арсовска.