По доаѓањето на функцијата, Арсовска во декември кажа дека проектот за бесплатен јавен превоз кој го вети во предизборната кампања ќе се реализира за две години. Но, сепак како што изјави во гостувањето во Клик Плус на ТВ21, Арсовска не очекувала ваква енергетска криза. Како што вели, додека трае кризата Град Скопје не е во можност да го реализира ваквото ветување.

-Чесно е да кажеме дека олку голема енергетска криза никој не очекуваше. Цените на енергенсите, на нафтените деривати, на мазутот, се толку високи во овој момент и ова што сега го правиме е практично нешто што многу го оптоварува буџетот на Град Скопје. Работиме во таа насока, меѓутоа сè додека не ја надминеме кризата, сега во овој момент не можам да кажам во која фаза ќе се реализира. Но, сè што беше ставено во програмата ‘Модерно Скопје’ ќе се реализира, тоа е нашата цел, изјави Арсовска.