Арсовска го повика Заев првпат да го исполни ветувањето и да си даде оставка за промените да почнат од Скопје.

-Господинот Заев веќе ја најави својата оставка, истиот момент кога јас ќе победам и ќе бидам новиот градоначалник на Скопје. Тоа го мислеше како закана, но за Македонија тоа ќе биде благослов. Господине Заев, ве предизвикуваме: Вашата оставка нека биде првото ветување што сте го дале, а сте го исполниле. Затоа, драги мои скопјани, драги мои сограѓани да му помогнеме да си замине. Да ја започнеме промената во Скопје”, изјави Арсовска во своето вчерашно обраќање пред скопјани уште еднаш го повика премиерот Заев да се држи до зборот и да си поднесе оставка, откако таа во недела ќе победи на локалните избори и ќе стане новиот градоначалник на Скопје.

Таа порача дека сега е време за промени кои ќе донесат поубави денови за Скопје и скопјани.   Во своето обраќање пред скопјани на синоќешниот митинг Арсовска се осврна и на потребата од дигитализација на градот, притоа посветувајќи се и на правилно менаџирање и мотивација на администрацијата која ќе стане транспарентна и ефикасна и во служба на граѓаните.