Директорот на Комунална хигиена Скопје е пуштен неколку часа откако беше приведен во станица , не е виновен за ништо, работата ја вршел чесно и совесно, напиша на социјалните мрежи градоначалничката Данела Арсовска.
„Оваа информација пристигна откако по неколку часа убедување во полициска станица, директорот на Комунална хигиена им кажал дека во срцето и душата е ВЛЕН, уште додека бил во станица му донеле да потпише изјава за членство по што е пуштен да си продолжи со успешната работа во претпријатието.
Во меѓувреме Мицковски и МВРО упорно бараат некој од ДУИ да го апсат како што ветија, тргнаа по Изет Меџити од ДУИ, па откако стана ВЛЕН си го земаа во коалиција“, напиша Арсовска на социјалните мрежи.
За апсењата во Комунална таа и претходно се огласи на „Фејсбук“. Напиша дека претседателката на Управен одбор Јулијана Спировска, нема да ја апсат „бидејќи има албум со сликички со сите функционери на ВМРО“.
„Јулијана која ја управува Комунална Хигиена Скопје е осуден криминалец во 2022 година со казна затвор за убиство и осуден криминалец во 2006 за нанесување тешки телесни повреди. Јулијана во КХС ги команда другите членови на Управен одбор од ВМРО и ВЛЕН, кои се поставени од Советот на град Скопје од ВМРО и ВЛЕН.Јулијана 3 години опструира нови камиони, инвестициска програма, вработените кои 5 години ги чистат улиците не можат да земат решение за работа поради нејзините сопартијци од ВМРО и ВЛЕН во Советот. Јулијана по наредба на ВМРО континуирано со години прави опструкции додека градот не се удави во смет. И сега директоров им е крив кој не можел да набави 35 нови камиони бидејќи тоа Јулијана го одложила за да ги набави Орце“, напиша Арсовска.
Текстот Aрсовска: Директорот на „Комунална“ е пуштен, Јулијана од Управен нема да ја апсат оти има албум со сликички со функционери на ВМРО е превземен од МАКФАКС.






















