Независната кандидатка за градоначалник на Скопје Данела Арсовска која е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ одби да ги коментира изјавите на премиерот Зоран Заев дека ќе поднесе оставка, ако неговата партија го изгуби главниот град.
„Од аспект на изјавите, не би ги коментирала, луѓето си имаат политички причини зошто се однесуваат така и верувам дека од тие политички причини, многу работи им зависат во животот. Во мојот случај мојата заложба се скопјани, јас подршката ја барам од скопјани и верувам дека скопјани нема ниту во еден момент нема да ги изневерам. Верувам дека победата ќе детерминира дека ќе бидам градоначалничката која што ќе го води градот Скопје во следните 4 години “, изјави Арсовска во емисијата „Дебати“ на тв Шења.
Арсовска подвлече дека не се плаши од можно сценарио со полнење на кутии во општините каде што влијание има ДУИ.