Независниот кандидат за градоначалник на Скопје, која има поддршка од опозициска ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, негираше дека е човек на Никола Груевски затоа што била почесен конзул во Унгарија.
Арсовска смета дека ваквите врдења се смешни затоа што досега има соработувано со сите влади, а нејзината цел како претседател на Сојузот на стопански комори била да даде добри препораки за квалитетни економски политика на Владата.
„Таа соработка и со претходната и со оваа власт, не ме прави ниту човек на господинот Заев, ниту на Груевски, ме прави човек на скопјани. Таа титула ја стекнав на крајот на 2020 година со одлука за согласност на оваа влада и со одлука за отворање на конзулатот повторно од оваа влада предводена од СДСМ“, изјави Арсовска за Канал 5.