Армискиот хеликоптер се очекува секој момент да се вклучи во гаснењето на пожарот во Неготинско. Се прават последните технички подготовки, дознава МИА од добро упатени извори.

Од Центарот за управување со кризи за МИА информираа дека хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи, кој од утринава интервенираше од воздух, е повлечен поради одработени часови.

Од Општина Неготино, каде вчера формираа Кризен штаб, упатија апел до сите што сакаат да помогнат во гаснење да се пријават во Општината на телефонскиот број 043/361-045.