Европа ја очекува ненадејно заладување. Додека јужниот дел од континентот сè уште ужива во есенските температури, северните и западните делови се подготвуваат за доаѓањето на арктичката „бура на векот“.
Според метеоролозите, Велика Британија, Шкотска и северниот дел од Англија ќе бидат најпогодени – и тоа со невидена сила.
Европа мора да се подготви за ненадејна промена на времето, предупредуваат метеоролозите.
Според метеоролозите, Велика Британија, Шкотска и северниот дел од Англија ќе бидат најпогодени – и со невидена сила.
„Најинтензивните снежни врнежи веројатно ќе го погодат северниот дел од Шкотска веќе на 12 ноември“, вели „Мирор“, повикувајќи се на метеоролози кои предупредуваат на компликации не само за возачите, туку и за енергетската инфраструктура.
Според порталот „Бирмингем лајв“, претстојната бура не само што ќе донесе снег, туку и обилни дождови. До 5 милиметри дожд на час се очекуваат во северен и централен Велс, додека ситуацијата ќе биде малку помирна во јужните области.
Најсилни врнежи се очекуваат во Девон, Сомерсет и Корнвол, што може да предизвика локални поплави.
Што го очекува остатокот од Европа
 Нестабилното барометарско поле и судирот на топол и ладен воздух ќе го направат целиот ноември исклучително влажен и ветровит. Експертите додаваат дека ова е почеток на преминот кон зимскиот период, кога во наредните недели може да има уште поизразено заладување.
Додека Велика Британија ќе биде обвиена со снег и мраз, централна Европа треба да се подготви за пад на температурата од неколку степени и почести дождливи денови.
Според метеоролозите, оваа промена би можела да биде предвесник на долга и студена зима што се враќа по неколку благи години. Арктичката бура што се приближува кон северозападна Европа според експертите испраќа јасна порака: есента завршува, зимата е пред врата.
Метеоролозите предупредуваат дека најголемиот удар од снег и ветер ќе ги погоди Шкотска и северна Англија, но студениот фронт ќе влијае и на други делови од континентот. Затоа, Европејците треба да сметаат на: ненадеен пад на температурата, силен ветер и Ззголемен ризик од снежни врнежи.
Фото: принтскрин
Текстот Арктичка „бура на векот“: Европа мора да се подготви за ненадејна промена на времето е превземен од МАКФАКС.
		






















