Легендарниот холандски фудбалер Арјен Робен (37) ја заврши својата професионална кариера.
Искусното крило одлучи да ја заврши својата кариера во дресот на Гронинген, во кој членува од изминатата година, но каде одигра само седум натпревари поради сериозна повреда.
“Драги љубители на фудбалот. Одлучив да ја завршам мојата професионална кариера. Тоа беше тежок избор и сакам да им се заблагодарам на сите што ми дадоа поддршка од дното на моето срце”, рече Робен во прошталното писмо.
Beste voetbalvrienden,
Ik heb besloten om te stoppen met mijn actieve voetbalcarrière. Een heel moeilijke keuze. Ik wil iedereen bedanken voor alle hartverwarmende steun!
Groetjes, Arjen pic.twitter.com/aAEdxdL5tU
— Arjen Robben (@ArjenRobben) July 15, 2021
Робен имаше одлична кариера што можеше да биде и поголема, да не беа сериозните повреди кои честопати го оставаа надвор од терените и го натераа да одлучи да ја заврши кариерата во 2019 година.
Сепак, тој посака фудбал и една година подоцна реши да се врати во тимот што го поддржува Гронинген. Тој се повреди на првиот натпревар и не играше со месеци.
Очигледно, Робен сметал дека неговото тело не е способно да ги издржи новите физички напори и решил конечно да стави крај на неговата богата кариера.
Покрај Гронинген, Робен играше за вистинските великани на европскиот фудбал. Тој дојде во Челзи преку ПСВ, а потоа играше за Реал Мадрид и Баерн Минхен.
Во редовите на баварскиот великан ги постигна најголемите успеси во кариерата. Помина незаборавни десет години во Минхен и освои апсолутно се што можеше.
Тој играше за репрезентацијата на Холандија 96 пати и постигна 37 погодоци. Дебитираше уште во 2003 година.
Во својата клупска кариера, овој легендарен офанзивен играч одигра вкупно 614 натпревари и постигна 209 голови. Освои бројни трофеи, пред се во Баерн, дури 20.
Тој е еден од ретките играчи кои во кариерата ги освоија трофеите во англискиот, шпанскиот и германскиот шампионат.