После два мандати, Теута Арифи нема да го води Тетово. Арифи го призна поразот, и му честиташе победа на противкандидатот Биљал Касами.

„Резултатите кажуваат дека противкандидатот има повеќе гласови, и Општина Тетово ќе биде водена од мојот противкандидат. Сакам да му честитам и да му посакам успешна работа бидејќи Тетово е град со многу предизвици. Сакам да се заблагодарам на сите кои ме поддржаа, за концептот што го поддржував“, рече Арифи.