Во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград изутринава почна архиерејска литургија за воспоставување на „литургиско и канонско општење на двете сетрински цркви“, односно литургија на помирувањето, со која сослужуваат српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски и македонски Стефан, јавува МИА.
Литургијата се одржува, откако вчера Синодот на МПЦ-ОА ја прифати поканата на СПЦ за одржување литургија на помирување.
На заедничка литургија на поглаварите на МПЦ-ОА и на СПЦ и на владици од двете цркви во храмот „Свети Сава“ во Белград, архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан во своето обраќање ѝ се заблагодари на СПЦ за тоа што ја поздравила одлуката на Вселенската патријаршија.
– Му благодариме на Бога што, еве, се исполни времето, па наидовме на братољубиво разбирање и кај Неговата Светост, патријархот г. Порфириј, заедно со членовите на Соборот на Српската православна црква, кои, само по неколку дена од донесениот акт на Синодот на Вселенската патријаршија, раководен од Неговата сесветост патријархот г.г. Вартоломеј и во истиот тој дух, донесоа одлука за воспоставување на евхаристиско и канонско единство помеѓу нашите помесни Цркви, истакна во својот говор архиепископот Стефан.
Поглаварот на МПЦ-ОА дополни дека „со чинот на изразената добра волја на дело, а потврдена, еве, и со денешнава заедничка света богослужба во овој велелепен Светосавски храм, покажавме дека со чашата на благословот и со кршењето на лебот, го покажавме заедништвото во најсветото, во крвта и телото Христови, покажавме дека сме заедно и едно во верата, со што го потврдиме единстовот меѓу нашите две црки, со тоа и фдинството си дите дртуги помесни православни цркви“.Поглаварот на МПЦ-ОА додаде дека затоа „му благодариме на семилостивиот Бог, што го чу гласот од молитвите на народот, што ги виде и трпението, и верата, и надежта, и љубовта и нè не лиши од Неговото благоволение.
– Па, да продолжиме да Го молиме Бога, за Тој, со Неговата сесилна рака, да нè води по патот на богоугодното и човекољубиво служење на верата, за да можеме достојно да ја покажеме силата на љубовта и според Неговата заповед, да веруваме во името на Неговиот Син Исус Христос и да се љубиме еден со друг, како што ни заповедал. Затоа да Му благодариме на семилостивиот Бог, што го чу гласот од молитвите на народот, што ги виде и трпението, и верата, и надежта, и љубовта и нè не лиши од Неговото благоволение. Па, да продолжиме да Го молиме Бога, за Тој, со Неговата сесилна рака, да нè води по патот на богоугодното и човекољубиво служење на верата, за да можеме достојно да ја покажеме силата на љубовта и според Неговата заповед, да веруваме во името на Неговиот Син Исус Христос и да се љубиме еден со друг, како што ни заповедал, порача г.г. Стефан.
Тој рече дека овој денешен чин е незаменлив лек, со кој се залечува раната на телото на црквата, зошто кога страда еден дел страдаат сите делови, а кога се радува еден дел со него се радуваат сите делови.
Тој истакна дека МПЦ-ОА, трудејќи се да го запази единството на Духот преку врските на мирот ќе продолжи по патот што води и служи за мир и заемно надградување, по патот што ќе ги оправда и братољубивите одлуки за единство со сите, вклучително и нашето барање за конечно решавање на автокефалниот статус на нашата Света Црква.
Изрази верување дека уште деновиве ќе доживееме радост и оти уште на овој Собор „повеќедецениската тага ќе се претвори во радост, на сите свештени лица, монаси, македонскиот народ и секаде каде што не има по светот“.
На крајот од своето обраќање, поглаварот на МПЦ-ОА уште еднаш ја истакна улогата на Вселенската патријаршија за денешното сослужение:
– Вам, како и на браќата членови на Светиот архијерејски собор на Српската православна црква, ви благодариме за едномислието со одлуката дадена од страна на вселенскиот патријарх, Неговата сесветост г.г. Вартоломеј, со кој се прифатија јерархијата и верниот народ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија во евхаристиско и канонско единство, а кое, еве со вас, на дело се потврди со денешнава света литургија, истакна г.г. Стефан.