Израелските археолози открија виолетова боја на парче ткаенина, која потекнува од владеење на библискиот крал Давид. Ова е првпат во тој регион да се најдат обоени текстили од тој период.

Facebook
Facebook

Според Би-Би-Си, се верува дека бојата била повредна од златото во тоа време. Оваа боја се споменува во христијанските и хебрејските свети книги, како боја на облеката на кралот Давид, кралот Соломон и Исус Христос. Досега, бојата била пронајдена само на парчиња керамика и школки, но никогаш на ткаенина.

Ова е прв пат да се открие обоен текстил од тој период на овие простори.

Facebook
Facebook

Фрагментот е откриен за време на ископувањата на локалитетот во Тимна, на растојание од околу 220 километри јужно од Ерусалим.

Експерт од израелската администрација за антиквитети, Нама Сукеник, рече дека ова е „многу возбудливо и важно откритие“.

Во антиката, пурпурната облека се поврзувала со благородништвото, со свештеници и се разбира, со кралеви, кажува Сукеник.

Тестовите утврдија дека парчето ткаенина датира од приближно 1000 години п.н.е., кога се вели дека цар Давид владеел и го наследил неговиот син Соломон.