Аргентинската влада донесе одлука со која воведе еднократен данок за Ковид 19 за милионерите во земјата. Со оваа одлука , која стапува во сила во сабота, треба да и се помогне на земјата да ги плати медицинските материјали и да обезбеди
стимулации за компаниите во криза поради пандемијата, објави Би-Би-Си.
Аргентинците со сметки од над 2,3 милиони долари (околу 12.000 луѓе) ќе треба да платат околу 3 отсто од нивните регистрирани средства во земјата и над 5 отсто од средствата во во странство. Владата се надева дека ќе собере
околу 3 милијарди долари на овој начин, а парите ќе помогнат и за финансирање на стипендии и за подобрување на состојбата.
Аргентинскиот Сенат ја донесе одлуката за еднократен данок со 42 гласа „за“ и 26 „против“. Овој таканаречен „данок на милионери“ е дел од мерките за борба против пандемијата. Опозицијата ја критикуваше мерката воведена од левичарскиот претседател, нарекувајќи ја „конфискација“. Исто така беше изразена загрижености дека данокот може да стане постојан.
Аргентина беше сериозно погодена од пандемијата, што ги влоши веќе високите нивоа на сиромаштијата. Скоро 40 отсто од населението во земјата живее под прагот на сиромаштија, додека нивото на невработеноста е 11 отсто.