Арбнора Мемети која важи за еден од најдобрите фото репортери во Македонија, во статус на социјалните мрежи се осврнува на делот од интервјуто на лидерот на ДУИ Али Ахмети за политичкиот магазин 360 степени во кој изјавува дека нема ништо послатко од тоа да се живее во Македонија.
„Да вистина, нема ништо послатко од живеењето во татковина, но нема ништо послатко од тоа да му бидеш внука на Ахмети или ќерка на функционер на ДУИ” критички реплицира Арбнора.