Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во придружба на пратениците Елми Азири и Артина Ќазими, денеска беа примени од премиерот на Република Косово, Албин Курти.
Претседателот Арбен Таравари му се заблагодари на премиерот Албин Курти за честитките за избор на чело на Алијансата за Албанците како и за континуираната соработка која во иднина ќе се продлабочува.
Тема на разговор секако беа настаните на северот на Косово, кои Алијансата за Албанците ги следи со загриженост и ги осудува дестабилизирачките структури таму.
Претседателот Арбен Таравари им честиташе на косовските власти за поднесувањето на апликацијата на Косово за членство во Европската унија со надеж дека ЕУ ќе биде на ниво на исклучителен предизвик кој ги загрозува мирот, безбедноста и нашите заеднички вредности, а ние како субјект ќе ги поддржиме сите напори на Косово за зајакнување на нејзиниот меѓународен субјективитет.
На средбата, претседателот Арбен Таравари и премиерот Албин Курти разговараа и за заедничките проекти меѓу Косово и Северна Македонија, кои беа иницирани од страна на Приштина, потпишани меѓу двете страни, а кои се сметаат за важни за граѓаните и економијата на нашите две земји, но за жал наидуваат на стагнација од страна на институциите и Владата во Скопје.
		






















