Во последниот натпревар од петтото коло во шпанската Ла Лига, Барселона ремизираше со Гранада (1:1).
Барселона имаше 24 последователни победи над Гранада на „Камп Ноу“, но во последните два натпревари со истиот ривал освои само еден бод. Минатиот пат Гранада славеше со 2:1 на овој стадион, а вечерва беше на чекор до нова победа, но домаќинот погоди во 90. минута.
Гостите поведоа во втората минута. Ескудеро центрираше, Дуарте со одличен удар со глава погоди за 1:0. Домашниот тим не успеа да се опорави од тој шок, па зпочна да создава шанси во финишот на првиот дел.
Во продолжението од натпреварот, Барселона очекувано ја презеде целосната иницијатива, започна со жестоки напади, а Куман ги фрли сите карти во нападот.
Најдобрите шанси Барса ги имаше преку Мигуеза, кој ја погоди пречката, додека Лук де Јонг, од неколку метри потполно сам со глава ја префрли топката над голот, на десет минути пред крајот на средбата.
Блескаше околу голот на Гранада, а дури во 90. минута Барселона успеа да израмни. Араухо со глава ја упати топката во мрежата на Андалузијците за радост на Камп Ноу, но тоа беше доволно за само еден поен.
Новото коло ќе се одигра утре. Барселона во четврток ќе игра во Кадиз, додека Гранада ќе го пречека Реал Сосиедад.