Едно лице е приведено поради сомневање дека преку социјалните мрежи упатил навреди на расна основа кон фудбалер, кој настапува во Премиерлигата, соопшти синоќа британската полиција.

Телевизијата „Скај“ објави дека 49-годишен маж бил сослушан од полицијата поради навреда на расна основа кон фудбалерот на Вест Бромвич Албион (ВБА), Ромејн Сојерс.

Во тек е истрага на полицијата за уште една друга расна навреда упатена на адреса на Сојерс.

Раководството на ВБА ја контактираше полицијата, откако нивниот фудбалер доби расистичка навреда по завршувањето на премиерлигашкиот натпревар против Манчестер сити во вторникот.

Премиерлигашот од Бирмингем соопшти дека ќе му ја пружи целата своја поддршка на Сојерс и оти клубот продолжува да работи против расизмот во фудбалот.

– Останува големо прашањето дали е доволно само да се пријави случајот. Ромејн или која било друга црномуреста личност во земјата не би требало да бидат злоставувани на социјалните мрежи. Тој е многу вознемирен, како што би бил и секој друг во таа ситуација, изјави тренерот на ВБА, Сем Алардајс. (МИА)