Сите добро знаеме дека македонските народни песни се одлична инспирација на познати и помалку познати музичари, групи, како и оперски пејачи па снимаат цели или половични песни колку само да го претстават она што го научиле, сакајки да ни дадат до знаење дека сепак нашата музика е една од оние светските кои може без потешкотија да се отпеат.
По тој повод Благој Нацоски објави видео од свој драг пријател кој што живее во Токио пеејќи ја македонската народна песна „Македонско девојче“.
“Директно од Токио! Мојот драг пријател и колега Казухиро Котецу, голем пријател на Македонија”, објави на социјалните мрежи македонскиот оперски пејач Благој Нацоски. Тој преку видеото што го постира на Фејсбук сподели изведба на јапонскиот оперски пејач и неговата изведба на познатата македонска песна „Македонско девојче“ на починатиот македонски пејач Јонче Христовски.