Јапонските здруженија на лекари, медицински сестри и уште седум други медицински професионални здруженија денеска прогласија вонредна состојба во здравството и апелираа до владата да го поддржи националниот здравствен систем, кој пука под товарот на епидемијата на коронавирусот.

– Ширењето на коронавирусот не запира. Луѓето кои нема да успеат да се пријават на лекарски преглед нема да добијат ниту соодветен медицински третман и ќе останат сами со ковид-19 – се наведува во заедничкото соопштение, пренесува Ројтерс.

Епидемијата на коронавирусот во Јапонија се разгоре во декември и предизвика страв дека медицинските установи ќе станат премногу мали и без доволно квалификувани медицински работници за да ги примат сите заразени.

Јапонскиот NHK објави дека до сега во Јапонија се потврдени повеќе од 210.000 позитивни и 2.965 смртни случаи меѓу ковид пациентите.