Јапонската Влада објави дека планира да пушти во морето повеќе од милион тони контаминирана вода од уништената нуклеарна централа Фукушима, една деценија по хаваријата.
Испуштањето вода во морето треба да започне за две години, а целиот процес ќе трае со децении.
„Претпоставувајќи строго почитување на регулаторните стандарди кои се утврдени, избравме да испуштаме вода во океанот“, се вели во соопштението на јапонската Влада.
Како што пренесуваат странските агенции, оваа одлука на Јапонија сигурно ќе ги налути соседните земји.
Јужна Кореја веќе изрази „сериозна загриженост дека тоа ќе има директно и индиректно влијание врз безбедноста на луѓето и животната средина“, а Кина смета дека станува збор за многу неодговорен потег. Тајван исто така изрази незадоволство.