Јaпонија денеска се прости со молитви, цвеќиња и знамиња завиткани во црни ленти од Шинзо Абе, политичарот со најдолг мандат како премиер, кој беше убиен на предизборен митинг минатата недела.

Advertisements

Долга редица луѓе се формираше пред централниот будистички храм Зојоџи во Токио, каде се одржа погребната церемонија.

Поворката со телото на Абе потоа ќе помине низ центарот на Токио, покрај зградата на парламентот каде што истакнатиот јапонски политичар за прв пат влезе како млад пратеник во 1993 година и зградата на владата од која ја водеше нацијата во два мандата како премиер.

Според Ројтерс, Абе ќе биде кремиран на приватна церемонија на која ќе присуствуваат најблиските членови од семејството и блиските пријатели.

Прикажи повеќе