Апликација „Паметно гласање“ креирана од рускиот опозициски активист Алексеј Навални која има за цел да ја урне доминацијата на владејачката партија Единствена Русија, исчезнала од Епл и Гугл на истиот ден кога Русите почнаа да гласаат на националните парламентарни избори.
Advertisements
Сојузниците на Навални, кој моментално се наоѓа во затвор источно од Москва, рекоа дека апликацијата „Паметно гласање“ повеќе не е видлива во онлајн продавниците на двата технолошки гиганти, во моментот кога започнаа тридневното гласање за Државната Дума.
Апликацијата, која можеше да се преземе и надвор од Русија, претходно беше достапна и покрај зголемените закани од страна на руските власти кои побараа од Епл и Гугл да ја укинат.
Ниту Епл, ниту Гугл веднаш не одговорија на барањето на РСЕ за коментар.
Апликацијата „Паметно гласање“ е дизајнирана да ја прошири и поедностави иницијативата „Паметно гласање“, на која Навални и неговиот тим беа пионери во 2018 година.
Стратегијата ги идентификува кандидатите кои имаат најголеми шанси да го победат кандидатот на Единствена Русија, дури и ако тој алтернативен кандидат доаѓа од една од другите главни етаблирани политички партии.
Единствена Русија во моментов има големо мнозинство во Државната дума, при што Комунистичката партија има најмногу места во малцинството, следена од Либерално -демократската партија и Праведна Русија.