Апелациониот суд под можен политички притисок ја укина одлуката на Граѓанскиот суд од 18 март 2022 година со која се отфрла жалбата на фирмата „ВЕВЕ Груп“ против одлуката за јавна продажба на имотот во ТЦ Мавровка, влез Ц кат 9. по основ на незаконско дејствување на извршител на Министерството за финансии. Иако Основниот суд одлучи да го укине записникот од јавната продажба, евентуалниот политички притисок ја натера Апелација на 28 април да донесе друга одлука, неоснована и без законско образложение, јавува Алсат.
Оваа одлука се актуелизира 6 години откако претходно Граѓанскиот суд на 16 јуни 2016 година донесе одлука дека целосната жалба на извршителот е отфрлена како неоснована. Одлуката на Граѓанскиот суд се заснова на три докази. Прво, потврда на Агенцијата за катастар издадена на 28.04.2009 година врз основа на хипотекарната книга дека недвижноста на 9 и 10 кат НЕМА ХИПОТЕКА или не е под финансиска мерка хипотека. Второ, имотниот лист од 2011 година, од 28 октомври, во кој не е констатирано присуство на хипотека и трето, имотниот лист од 2012 година, каде во записникот на Агенцијата за катастар не е пронајдена хипотека, имотното решение на 18 февруари 2012 година.
Во 2013 година, со решение донесено на 17 октомври, имотниот лист утврди хипотека во корист на Стопанска банка Скопје, одлука која се заснова на судски записник од 1993 година, односно 1 јули 1993 година на Општинскиот суд Скопје.
Но, како се случило Министерството за финансии да ја помине судската одлука на 1993 година во 2009 до 2016 година преку извршниот филтер? Министерството за финансии нема конкретен одговор за ова, оставајќи ѝ право на јавноста сама да цени дали одлуката за разгледување на судски процес кој однапред не бил земен во предвид, има злонамерна политичка позадина против телевизија Алсат.
Не е ни познато ни како дошло до оваа одлука, со која се потенцираат две работи кои водат до докази и правда во полза на телевизија Алсат. Во решението на Апелација, на страна 8 таксативно се вели дека: „Сè што е запишано во јавната книга, според прописот, се зема како целосно право, видлива и неспорна вистина, додека сè што не е наведено во таа книга, не постои“.
Судското тело составен од судијата Елизабета Дуковска и двајцата членови Роза Георгиева и Јетмире Ајдини, не се знае од каде ја засновало оваа одлука, која очигледно била штетна за странките, додека државниот правобранител, застапник на предметот во овој случај, побарал предметот да се врати на повторно судење.
„Државниот правобранител со навреме испратена претставка се спротивставува на оваа одлука поради суштествени повреди на одредбите во граѓанската парница, констатацијата на фактичката состојба е нецелосна и погрешна, вклучително и примената на материјалното право, со што предлага жалбата на (ВЕВЕ Груп) да се земе за основа, решението да се укине и предметот да се врати во првостепено судење“, Решение на Апелациониот суд, барање на државниот правобранител за судскиот спор
Згора на сите овие материјални докази и покрај фактичката состојба, од 1 март имотот е на јавна продажба и покрај двете предходни решенија во корист на телевизија Алсат, едното во 2016 година, а другото од 2022 година. Оваа ситуација станува уште понејасна зашто Министерството за финансии го актуелизирало ова прашање 7 години по купувањето на имотот и 7 години по правосилната судска одлука.