За случајот „Трезор“ ќе има повторно судење , Апелациониот суд ја уважи жалбата на Сашо Мијалков и со тоа ја укина првостепената пресуда за случајот „Трезор“, за набавката на британската опрема за следење на комуникациите. -Апелациониот суд Скопје при разгледување на побиената пресуда констатираше дека првостепениот суд при постапувањето по овој предмет сторил суштествени повреди на одредбите од Законот за кривичната постапка, со што се доведува во прашање фактичката состојба и правилната примена на Кривичниот законик, соопштија од Апелација. Мијалков беше осуден на 8 години затвор, највисоката казна од 15 години му беше изречена на Горан Грујевски, додека Стајковиќ и Јакимовски беа осудени на по пет години затворска казна. Сега овие пресуди не важат и за случајот „Трезор“ ќе има повторно судење.