Министерот за здравство Беким Сали денеска се сретна со поглаварите на верските заедници. После средбата, сите заедно испратија апел за вакцинација како единствена заштита од Ковид 19.
– Во време на пандемија, кога речиси секој од нас е погоден од вирусот, кога дел од нас изгубивме и многу наши драги најблиски, посакувам на овој заеднички начин да упатиме апел секој граѓанин да ја сфати сериозно потребата за вакцинација, да одговори на нашиот повик за вакцинација и да не дозволи никој да ги поколеба во стремежот за спасување на спојот и на животот на луѓето околу нас од ова пандемија која веќе две години го сменил и начинот на нашето живеење, рече министерот Сали.
Поглаварот на Македонската православна црква, господин господин Стефан ги повика граѓаните и верниците да се придржуваат до мерките што ги воведоа институциите задолжени за заштита на здравјето на луѓето.
-Македонска православна црква преку свои соопштенија изминативе две години повеќе пати апелираше до верниот народ да се придржуваат на она што задолжените институции почесто и редовно апелираа на таа тема. И овој пат ќе речам, подобро е нешто да спречиме, отколку потоа да го лечиме. И денеска исто така упатуваме апел до сите граѓани на нашата земја да се вакцинираат, рече г.г. Стефан.
Реис ул-Улема на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаху во своето обраќање по средбата посочи дека целта е давање позитивна порака до сите граѓани да се вакцинираат
Тој потсети дека Исламска верска заедница од првите моменти донесе неколку одлуки во рамките на одлуките на Светската здравствена организација, на Министерството за здравство и правилата на Исламските регулативи, така да, како што рече, од почетокот се реализирани сите можни организации во џамиите и во другите верски објекти.
-Во секој момент апелиравме луѓето да се држат до сите мерки што ги донесовме како ИВЗ во рамките на Министерството за здравство. Апелирањето беше во сите џамии во секоја петочна молитва, во сите меџлиси, групи, и мислам дека тоа беше многу успешна работа. Исто ИВЗ имаше наредба кај сите верници да се апелира вакцинацијата да се зема сериозно да се пристапи на сериозен начин затоа што таква е одлуката на СЗО, рече Шаќир Фетаху.