Во Прилеп од средата е изгубено женско лице, на 50-годишна возраст Весна Николоска, од Прилеп. Од сознанијата од семејството, можно е жената да бара помош и во Кавадарци

Жената го напуштила својот дом на 16.12.2020 околу 23 часот, и оттогаш и се губи трагот.

Од семејството велат дека таа носи светли долни тренерки и сиво- црна или некоја темна боја јакна.

Според последните информации потрагата е проширена и во Кавадарци, Неготино, Градско, Демир Капија и Велес.

Доколку имате било какви информации обратете се на телефонските броеви: 075-480-598, 076-473-193, 070-565-330