Претседателот на Левица, Димитар Апасиев на Твитер открива дека во новиот владин состав, министрите на СДСМ имаат помало образование од министрите на ДУИ што за него претставува крај на СДСМ како државотворна партија.

-Денес ни ја доставија владината Програма и CV на предложените министри. За прв пат у историјата, кадрите на ДУИ се пошколовани од кадрите на СДС на Нашата Земја.

Каков крај за една „државотворна партија“!

p.s. Социјал-демократијата веќе не е секси“, вели Апасиев.